Додека во Македонија повеќе години се најавуваат субвенции за вградување на плински уред, земјите од регионот веќе започнаа со доделување на субвенции за купување електрични автомобили.
Последна во низата земји која воведе вакви субвенции е Хрватска каде за само осум часа за субвенции аплицирале над 2.000 апликации од физички и правни лица.
Две третини од пријавените се однесуваат на М1 категоријата која ги опфаќа патничките автомобили. При тоа во оваа категорија во просек по апликација е побарана субвенција од 63.000 куни односно 8.400 евра. Апликации пристигнале и за субвенционирање електрични мотоцикли. За оваа категорија предвидени се до 20 илјади куни односно 2.670 евра по апликант.
Сите одобрени средства се исплаќаат еднократно во рок од 30 денови по приемот на апликацијата.