Во Холандија до 2030 година ќе има 1,5 милиони полначи

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Холандија уште во 2019 година го претстави амбициозниот план за намалување на загадениот воздух каде централно место заземаат целосно или делумно електричните возила.

Во рамките на “Националниот климатски договор” кој едногласно беше усвоен од пратениците во оваа земја, предвидено е до крајот на оваа декада ширум Холандија да бидат поставени 1.500.000 милион полначи за електрични возила.

За таа цел веќе е формирана работна група за мониторирање на локалните иницијативи од страна на општините и други субјекти. Околу 65% од вкупната бројка е предвидено да припаѓаат на јавни полначи додека преостанатите на приватни. Приватните станици се однесуваат на полначи поставени во компаниите и мрежата на Tesla.

Јавните полначи се наоѓаат на јавен простор и работат 24/7. Полу-јавните станици за полнење најчесто се достапни 24/7, а ќе бидат поставени на приватен имот како трговски центри, паркинг простор…

Заклучно крајот на минатата година во оваа земја се возеле 166.228 електрични возила, а реализацијата на планот за полначи ќе придонесе за полесно исполнување на другата цел, а таа е 2 милиони електрични возила до крајот на 2030 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK