Во Германија ги конфискуваат автомобилите од Руси

ОБЈАВЕНО НА:

Во Германија почнаа да одземаат автомобили со руски регистарски таблички. Тамошните власти ги дефинираат нормите воведени од Берлин минатата година како санкции против земјата која ја нападна Украина и се уште трае воениот конфликт.

За проблемите на руските граѓани пренесуваат и руските медиуми каде се обраќаат засегнатите руски возачи. На пример, еден пар со деца од Санкт Петербург кои патувале низ Европа, поминувајќи низ Германија, морале да се збогуваат со својот автомобил.

„Возевме низ Германија во правец на Скандинавија, на автопатот во близина на Хамбург не престигна автомобил на кој излезе светло за стоп и на задното стакло трепкаше знакот „Следи ме“.

Германските полицајци им ги објасниле санкциите и ембаргото на запрепастените руски граѓани, а потоа им кажале дека автомобилот се конфискува. Личните работи, децата и сопругата заедно со возачот биле „растоварени“ директно на патот, а аудито со руска регистерска табличка било качено на камион и однесено.

„Закрепнувајќи се од шокот, сопственикот стапил во контакт со рускиот конзулат во Берлин. Оттаму им се помага да контактираат со царинските претставници и да им понудат да ги испратат документите што ќе ги издадат Германците за да обезбедат превод и да им кажат дали да ги потпишат или не. Но, конзулатот не може да помогне со ништо друго“, пишуваат руските медиуми.

Воедно, се нагласува дека инцидентот со жителите на Санкт Петербург не е единствениот во последниот месец. Претставниците на амбасадата се принудени да „креваат раменици“ како одговор на сите поплаки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK