Во Европа повеќе се бараат електрични возила и хибриди отколку дизели

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на нови автомобили на 27 европски пазари е намалена за 19 отсто во март 2022 година во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците објавени од JATO Dynamics. Во март се регистрирани 1.116.419 нови патнички автомобили. Додека регистрациите се зголемија за 33% во споредба со март 2020 година, пазарот допрва треба да забележи враќање на нивоата пред пандемијата, што е помалку од март 2019 година за 37%.

Интересно е дека се зголемува интересот за електрични возила и плаг-ин хибриди, и тие чинат 22 отсто од вкупната продажба (+ 6 отсто во однос на лани), што е повеќе од продажбата на дизел автомобили чија продажба е 18 отсто (24 отсто лани) Најголем дел отпаѓа на бензинските мотори кои сочинуваат 57 отсто од вкупната продажба, но и нивната продажба е намалена во однос на лани, кога тој дел бил 58 отсто.

Поради тековната неизвесност околу достапноста на нови автомобили и влијанието на инвазијата во Украина, потрошувачите во Европа не купуваат автомобили на нивоата видени претходно. Фелипе Муњоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics, коментира: „Иако Украина не е голем пазар за европски извоз на автомобили, со мал пазар во однос на нејзината популација, таа останува да биде важен извор на делови за возила за големите европски OEM“. Минатата година, украинскиот пазар на нови автомобили изнесуваше вкупно 103.300 единици, што го прави 20-ти по големина во Европа, вклучувајќи ја и Русија.

Како резултат на тоа, бројките за првиот квартал во 2022 беа полоши од оние забележани пред две години кога Европа беше погодена од пандемијата, бидејќи обемот се намали за 10% во текот на првите три месеци од годината на 2,73 милиони единици – најниско ниво од 1985 година.

Минатиот месец, популарноста на возилата со ниски емисии продолжи да се зголемува. Plug-in хибридните и чисто електрични автомобили (PHEV и BEV) ги надминаа дизелите со 244.801 нови регистрации, во споредба со 202.113 единици со дизелски мотори.

Преминот во корист на возила со ниски емисии беше особено застапен во земји како што се Швајцарија (која имаше 28% удел на ЕВ наспроти 14% удел на пазарот на дизел), Велика Британија (23% наспроти 10%), Франција (21% наспроти 16%) ) и Белгија (24% наспроти 19%), покрај добро воспоставените трендови забележани во Норвешка, Шведска, Холандија и Данска.

Целосно електричните возила учествуваа со речиси 62% од сите регистрации на возила со ниски емисии во март, со зголемување на обемот од 46%. Спротивно на тоа, plug-in хибридите забележаа пад од 22% во текот на месецот со регистрирани 93.100 единици. Од ЈАТО доментираат дека: „Овие возила се потпираат на ICE погонски склоп, PHEV немаат корист од владините стимулации доделени на BEV. Во исто време, развојот и производството на батерии е скап процес, затоа, без стимулации, овие и онака скапи возила се разбирливо помалку привлечни за потрошувачите“.

Уште еднаш, Model 3 на Tesla беше најпродаваниот нов автомобил во Европа со 23.013 нови регистрации, што е пад од 3% во споредба со 23.758 единици регистрирани во март 2021 година. Peugeot 208 има 21.026 продадени возила (-17%), на трето место е Volkswagen Golf – 18.968 возила (-36%), па следуваат Dacia Sandero, Citroen C3…

Негативниот раст објавен од Model 3 делумно се објаснува со зголемената популарност на Model Y, неговиот SUV близнак. Овој теренец од средна големина обезбеди рекордна трета позиција во вкупниот пласман. Овие два модели се најпродавни кај целосно електричните возила. Меѓу целосно електричните модели, Fiat 500 го зазеде третото место во рангирањето на BEV, што сочинува 41% од вкупниот волумен на моделот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK