Во Европа има 301 фабрика од автоиндустријата – една и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Според најновата статистика во Европа постојат вкупно 301 фабрика во кои се произведуваат автомобили, лесно доставни возила, камиони, автобуси, мотори и батерии. Од нив 194 се наоѓаат во земјите од ЕУ. Од другите земји што не се дел од ЕУ најмногу вакви фабрики има во Русија (33) и во В.Британија (31).

На картата се наоѓа и Македонија, каде постои фабрика за производство на автобуси – Van Hoоl во Скопје. Во околината, освен во Скопје фабрики има и во Србија каде има вкупно 3, по 1 за автомобили и за камиони и 2 за автобуси.

Од оваа бројка од 301 фабрика, во 134 се произведуваат автомобили, 41 произведуваат лесно доставни возила, во 52 се произведуват камиони, а во 66 автобуси. Само мотори се произведуваат во 72 фабрики и во 18 фабрики се произведуваат батерии.

Најмногу фабрики има во Германија, вкупно 44 од што 22 се за производство на автомобили. Интересно е што на второ место е Русија каде има 19 фабрики за автомобили, исто како и во В.Британија.

Ако сакате да видите во која земја која фабрика се наоѓа, погледнете го на следниот линк.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK