Според збирните податоци на JATO Dynamics, целосно електричните возила (BEV) и plug-in хибридите (PHEV) формираа 23% од вкупниот пазар на нови автомобили во Европа во октомври 2022 година.
Агенцијата исто така посочува дека целосно електричните автомобили регистрирани во Европа оваа година ја поминале границата од 1.000.000 единици и до крајот на октомври биле 1.103.055 единици.
Само во октомври се купени 119.600 возила BEV, што е за 15% повеќе во однос на истиот месец од 2021 година. Резултатот за моделите со погонски систем PHEV беше 88.200 единици (+13%)
Најпродаваниот 100% електричен автомобил во октомври 2022 година во Европа е Volkswagen ID.4 (6069), следен од Volkswagen ID.3 (5409), Fiat 500 (5168), Peugeot e-208 (4839) и Renault Megane E-TECH Electric (4551).
ТОП 10-те најпродавани нови BEV во Европа ги вклучуваат и Skoda Enyaq (3797), Polestar 2 (3760), Volvo XC40 (3566), Opel/Vauxhall Mokka (3417) и MINI Hatch (3322).
Гледано низ продажбата од јануари до октомври 2022, лидер на европскиот пазар на BEV е Tesla Model Y со 78.686 продажби во периодот јануари-октомври. На второ место е Tesla Model 3 со 53.424 примероци, а на трето е Fiat 500 со 52.004.
Во ТОП 10 од најпопуларните 100% електрични модели во Европа во моментов се вклучени и Volkswagen ID.4 (45.346), Peugeot e-208 (36.026), Skoda Enyaq (35.920), Dacia Spring (26.080), Hyundai Kona (25.924). ), Volkswagen ID.3 (24.244), Renault ZOE (20.888) и KIA Niro (20.737).
Следните позиции ги заземаат Renault Megane E-TECH (12.543), Hyundai IONIQ 5 (9146), MINI Hatch (8602), BMW i3 (6275), Cupra Born (5824), Kia EV6 (5686) и други.