Во Бугарија ќе произведуваат електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Германската старт-ап компанија Next e.Go Mobile која се занимава со производство на електрични возила ќе инвестира 140 милиони евра во производство на електрични возила во Бугарија. Оваа вест ја потврди бугарскиот министер за економија Кирил Петков.

Германската компанија фабриката ќе ја отвори за две години, а истата ќе се наоѓа северно од градот Ловеч. Во истата ќе работат околу илјада работници, изјави Петков пред новинарите за време на потпишувањето на меморандумот за оваа инвестиција.

“Сакаме да обезбедиме луѓето да имаат комфорна, чиста и одржлива мобилност” изјави Али Везвеи, прв човек на Next e.Go, кој исто така е и извршен директор на тетовската компанија Ecolog International.

Next e.Go на пазарот на електрични возила ќе се позиционира на мали градски нискобуџетни возила, а амбициите на овој нов производител е да постигне годишно производство од 20 илјади електрични возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK