Во Србија почна примената на законот со кој полицијата почна да казнува според просечната брзина на одредена километража, најчесто меѓу две наплатни рампи на автопатиштата. Се казнува дури и ако имате пречекорување од само 1 км/ч.
Сите што ќе бидат казнети можат на самите наплатни рампи да ја платат глобата, а странците тоа ќе треба да го сторат кај најблискиот судија за прекршоци. Затоа внимавајте бидејќи освен казната ќе изгубите и драгоцено време додека најдете некој судија за прекршоци каде ќе треба да ја платите сумата.
Од една до друга наплатна рампа секој возач при плаќање на патарината ќе добие и сметка на која има колку просечно сте возеле врз основа на времето за кое сте ја извозеле делницата. Тоа ќе биде веднаш причина полицијата да во пише казна.
Ако сметате дека ќе успеет да го изиграте системот и да стоите повремено н абензинска пумпа, или некој ресторан и да пиете кафе треба да знаете дека ќе има и зголемен број на полициски возила – пресретнувачи кои ќе бидат на автопатиштата, па тие дополнително ќе внимаваат на пречекорување на брзината.
Еве колку време е дозволено за минување на одредена делница
* Суботица – Ниш (423 км.) – дозволено време за минување е 3 часа и 31 минута
* Белград – Ниш – дозволено време на минување е 1 час и 58 минути
* Белград – Суботица – дозволено време на минување е 1 час и 34 минути
* Белград – Шид – дозволено време на минување е 54 минути
* Хоргош – Прешево (537 минути) – дозволено време на минување е 4 часа и 16 минути
* наплатна рампа Врчин – наплатна рампа Прешево – дозволено време на минување е 3 часа
Колкави се казните
120 – 140 км/ч. – 3.000 динари
141 – 150 км/ч. – 5.000 динари
151 – 160 км/ч. – 10.000 динари
161 – 180 км/ч. – 10.000 до 20.000 динари (плус три негативни бода и забрана за возење од 1 – 12 месеци)
181 – 200 км/ч. – 20.000 до 40.000 динари (плус до 30 дена затвор, 6 негативни бодови и забрана од 3 – 12 месеци)
201 – 220 км/ч. – 100.000 до 120.000 динари 9од 15 до 60 дена затвор, 14 негативни бодови и забрана до 12 месеци)
221 – км/ч. – затвор од 30 до 60 дена, 15 негативни бодови и забрана од 9 до 12 месец