Внимавајте во Бугарија: Полицијата има радари кои фаќаат и „возила во група“

ОБЈАВЕНО НА:

Бугарија е сѐ почесто место каде македонските граѓани заминуваат на шопинг, викенди, особено за скијање или продолжените празници. За тамошните полицајци секогаш имало анегдоти како казнуваат, или како може да се извлечете. Но, времињата се менуваат и сообраќајната полиција на Бугарија сега е опремена со 28 високо технолошки камери. И потешко ќе избегнете казна ако направите прекршок.

Разликата во однос на актуелните радари што се користат е што новите уреди работат толку прецизно што им овозможуваат да го лоцираат возилото што направило прекршок, дури и ако постои група на возила. Досега најчесто беше тешко да се казни вистинскиот прекршител, особено ако има повеќе возила на фотографијата, па било нејасно кој ја надминува дозволената брзина.

Сега, ако во рамката има три возила, уредот ќе може да ја измери брзината на секое возило. Новите камери работат со ласерска технологија – и затоа се суптилни за радарски детектори. Уредот работи под сите временски услови и може да се наоѓа и на патот и над него.
“Паметните” преносни камери (модел ARH CAM-S1) испраќаат материјалот со прекршоците директно во “сообраќајната полиција” веднаш што се исклучи и за само 15 минути се известени патролите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK