Внимавајте ако возите низ Германија – казните од ноември се многу повисоки

ОБЈАВЕНО НА:

Следниот месец во Германија ќе стапи на сила нов закон кој предвидува значително повисоки казни од претходните. Новиот закон ќе се применува од 9 ноември, пишува магазинот Феникс, а возачите ќе се соочат со многу повисоки казни доколку сторат сообраќаен прекршок.

Според новиот Закон, возачите кои ќе го паркираат своето возило каде што важи општата забрана за запирање или паркирање ќе бидат казнети до 55 евра наместо досегашните 15 евра.

Секој што во градски средини вози 16 или 20 км/ч повеќе од дозволеното, наместо 35, ќе плати 70 евра. Возачите кои се возат низ град со 91 km/h наместо дозволените 50 km/h плаќаат 400 наместо 200 евра итн.

Доколку паркирате на место наменето за инвалиди, очекувајте казна од 55 наместо досегашните 35 евра.

Сосема нова одредба во законот се однесува на неовластено паркирање на местото предвидено за електрични возила и возила „car sharing“, а казната е 55 евра.

Секој што ќе помине на лентата за итни случаи или дури ќе ја искористи за да се движи побрзо со автомобил, може да очекува казна од 200 до 320 евра, како и месечна забрана за возење.

Камионџиите кои ќе ја прекршат новововедената обврска камионот да го возат само со брзина на пешаците при свртување десно во градот, ќе платат казна од 70 евра.

Незаконското користење на тротоари и велосипедски патеки од возила ќе се казни до 100 евра наместо до 25 евра како што важеше досега.

Од 20 на 100 евра се зголемува казната за предизвикување непотребна бучава од моторот и загадување предизвикано од издувните гасови од автомобилот.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK