Внимавајте ако видите паричка во рачката на автомобилот!

ОБЈАВЕНО НА:

Крадците на автомобили пронајдоа нов метод за поефикасно да влезат во возилата без притоа да има трага дека е извршена кражба.

Механизмот се состои во притискање на едноставна монета во една од рачките на вратите, поради што централната брава не успева да го заклучи и автомобилот останува отклучен. Тоа најдобро се гледа ако го слушнете звукот при обидот за заклучување. Тогаш ќе слушнете звук кој е сличен, но не е ист со оној кога вратата е заклучена. Затоа добро е да го слушате звукот.

Некои уберувања се дека шемата работи само кај постарите модели. Рачките на вратите на повеќето нови автомобили не дозволуваат монета да се заглави, а електрониката веднаш „чувствува“ дека нешто не е вред и сигнализира за проблемот.

Во секој случај зголеменото внимание, особено меѓу сопствениците никогаш не е вишок. Најдобро, се разбира, би било доколку во автомобилот не се оставаат нешта кои би го предизвикале интересот на крадците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK