ВНИМАНИЕ: Во Србија ќе се казнува на патарините според просечната брзина

ОБЈАВЕНО НА:

Според пишувањето на весникот “Блиц”, во Србија почна мерење на просечната брзина на автопатиштата, по што возачот кој ќе ја надмине, во иднина би можеле да бидат и казнет. Тоа се однесува засега на автопатиштата, односно на релациите каде што има плаќање патарина.

Со исклучување од автопатот, возачите добиваат белешка за плаќање на патарината, со тоа што новина е дека овој пат на таа белешка ќе ја има и просечната брзина со којашто возилата ја изминало одредената дестинација.

Суштината е дека на овој начин ќе измери просечната брзина на возењето на автопат. Министерството за внатрешни работи и полицијата веќе на наплатните станици кога се плаќа патарини ќе има информации за одредено возило, или која е неговата средна просечна брзина.

Како што било најавено од сообраќајната полицијата, возачите кои ја надминуваат брзината ќе биде запрени веднаш на патарината, или ќе добијат казна на домашни адреси.

Оваа иновација во сообраќајот, полицијата ја објаснува со Законот за безбедност на сообраќајот, со што се предвидува полицијата да биде во можност да казни ако возачот ја надмина средната брзина на движење на патот.

Ова значи дека кога некој на патарина ја плаќа патарина, полицијата ќе ги добива информациите за кои временски инервал минал одреден дел и она што е негова средна брзина. Ако таа е поголема од пропишаното, ќе биде се казнет, соопшти полицијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK