ВНИМАНИЕ: Во Македонија возат 40.000 нерегистрирани возила

ОБЈАВЕНО НА:

Технички неисправните и нерегистрираните возила се извор на опасности во сообраќајот. Од околу 550.000 возила колку што има по македонските патишта, дури 40.000 се нерегистрирани и неосигурани. Затоа проверете ја техничката исправност на возилото и регистрирајте го на време.

Однесувањето на учесницте во сообраќајот е особено важно за безбедноста. Не само однесувањето туку и учеството со технички исправни возила. Доколку управувате технички неисправно возило ја загрозувате не само сопствената безбедност туку и на другите учесници.

Со увозот на половни возила драстично се зголеми бројот на моторни возила на патиштата, но остануваат и оние што се „шверцуваат“ па возат и без да минат технички преглед.

Бројот на возила во Република Македонија е во постојан раст и тој број веќе надминува 550.000 возила. Зголемениот број возила значи и зголемен интензитет на сообраќајот, а со тоа се зголемува и потенцијалниот ризик од сообраќајни незгоди. За жал, паралелно со зголемување на бројот на возила, расте и бројот на нерегистрирани, технички неисправни и неосигурани возила кои активно учествуваат во сообраќајот.

Според проценките на осигурителните компании, во Република Македонија, околу 40.000 нерегистрирани и неосигурани возила, активно учествуваат во сообраќајот на патиштата и претставуваат закана за безбедно одвивање на сообраќајот.

За учество во сообраќај на патиштата, возилата задолжително треба да бидат регистрирани, да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици. Непочитување на оваа законска одредба се санкционира со парична казна од 500 евра во денарска противвредност.

Полицискиот службеник ќе го исклучи од сообраќај возилото што не е регистрирано, за кое не е продолжен рокот на важност на сообраќајната дозвола, за кое е утврдена техничка неисправност, за кое нема пропишани регистарски таблици или кое нема налепница за извршена регистрација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK