(Видео) Жена скокала на покрив на Tesla 3 во Шангај – и испорачале возило со неисправни сопирачки

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Шангај, прв на кој имаше публика и прв саем на автомобили што се одржа по едногодишна пауза сите уживаа во „нормалното“ и се насладуваа на новитетите. Но, токму на ваквите места можеш и да го искажеш своето незадоволство и тоа да биде забележано од многу луѓе.Токму тоа го направила една Кинеска која протестирала против Tesla и тоа на оригинален начин – се начила и скокала на покривот на Model 3.

Таа тврди дека американскиот производител и испорачал автомобил со неисправни сопирачки, и токму поради тоа речиси го загубила семејството во сообраќајна несреќа.
Во моменти кога имало многу посетители таа се качила на покривот на еден изложен модел Tesla Model 3 и почнала на скока и да држи говор во кој го искажала своето незадоволство.

Од Tesla тврдат дека податоците од телеметријата покажале дека немало никакви проблеми со сопирачките на возилото на жената.
Откако се случил инцидентот, на саемот биле засилени мерките за безбедност.

Но, светот веќе го обиколи снимката на Кинеската која е една од многуте што се жалат на слабиот квалитет на возилата на Tesla.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK