ВИДЕО: Рекламата за новата Toyota Corolla

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител на својот официјален YouTube канал ја претстави новата, глобална реклама за новата генерација на хечбек изведбата на Toyota Corolla.

Претставувајќи ја како последен најусовршен автомобил во историјата на мобилноста, во рекламата Corolla акцент става на комфорноста, задоволството во возењето како и совршенството во дизајност кој ги остава сите со подзината уста.

Едноминутната реклама веќе започна да се емитува и на ТВ станиците во Велика Британија, Холандија, Белгија, Германија и Франција каде овој модел ќе се појави во продажба веќе од следниот месец, а до крајот април овој модел ќе биде лансиран на сите пазари во Европа.

https://youtu.be/okIHHOY95Sg

Инаку овој модел се темели на TNGA платформата, а во понудата доѓа со пет мотори достапни на бензински и хибриден погон со мануелен и автоматски менувач. Пред само еден месец започна да се произведува во фабриката на Toyota Motor Europe во Брнастон (Велика Британија), а почетната цена во Германија се очекува да стартува од 18 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK