На YouTube каналот Marvelous Movies се појави видео изработено од страна на југословенска Zastava, а наменето за продавачите на Yugo во САД.
Во видеото се прикажани неколку технички карактеристики на популарното Yugo, и секако, преднстите кои потоа продавачите треба да ги презентираат пред потенцијалните купувачи.
Инаку Yugo, нешто повеќе од 30 години од продажбата на последниот примерок на американскиот пазар останува уште да ја бранува тамошната автомобилска јавност. Често се наведува дека е најлошиот автомобил во историјата. И покрај се, во историјата ќе остане запаметен како единствен автомобил од комунистичка земја кој се продавал во западните земји.