Ви свети сијаличката за гориво – Уште колку можете да возите на резерва?

ОБЈАВЕНО НА:

Едно од најчестите прашања на возачите на автомобилот е колку километри можат да бидат поминати кога ќе се запали сијаличката која почажува потрошувачка на гориво. Обично откако ќе се запали сијаличката се смета дека веднаш мора да се дојде до бензинска пумпа и да се наполни резервоарот бидејќи во спротивно возилото ќе запре.

За ваквата ситуација во упатствата на голем дел од возилата има информација, но ретко кој го има прочитано. Сепак, постојат и компании во кои не се посочува точното растојание, а таму производителите се решаваат со клише текст да објаснат: „Ако контролната сијаличка засвети, тогаш наполнете го резервоарот колку може побрзо“. Меѓутоа, колку е тоа побрзо?

Она, што треба да го занете е дека кога индикаторот за резерва на горивото ќе засвети, после тоа мирно можете да изминете барем уште 50 километри. Тоа е минималната километража. Кај поголемите и понови автомобили резервата е доволна за 90 до 100 километри, додека кај кросоверите и СУВ возилата и до 150 километри.

Сепак, немојте да претерувате. Освен што може да останете на патот далеку од бензинска станица, пумпата за гориво може да повлече и ѓубре од дното на резервоарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK