Вграден 48 инчен екран во возило

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот производител Byton го вгради најголемиот дисплеј во својот модел M-Byte.

Станува збор за 48 инчен екран што е еднакво на 7 iPad-а или далеку поголем од сега најголемиот дисплеј вграден кај автомобилите на Tesla чија големина изнесува 17 инча.

Покрај овој централно поставен дисплеј, M-Byte моделот на кинескиот производител има и 7 инчен екран сместен на управувачот со што станува првиот автомобил со дисплеј осетлив на допир на управувачот. Преку овој дисплеј ќе се задаваат вообичаените команди што сега возачот може да ги зададе преку класичните мултифункционални управувачи.

Моделот M-Byte претставува класичен електричен кросовер кој има за цел да конкурира на моделот S на Tesla. На американскиот пазар доаѓа годинава со почетна цена нешто над 40 илјади долари додека во Европа според официјално потврдени информации достапен ќе биде на почетокот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK