Поради коронавирусот – VW неделно губи 2 милијарди евра

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата со коронавирусот ја погоди целата индустрија, но се чини дека авто индустријата има најголеми загуби и проблеми од кои треба што побрзо да се извлече. Германски Volkswagen минатата седмица ги прекина сите операции во Европа. Според информацијата на Automotive News Europe, германската компанија секоја седмица има фиксни расходи во износ од 2 милијарди евра. А ова на подолг рок сигурно дека ниту еден автомобилски производител не може да си го дозволи.

Многу производители, не само VW туку и Ford, FCA i Тоyota се прашуваат кога ќе може да продолжта со своите редовни активности. Тоа би значело враќање на работниците во погоните, одржувајќи безбедно растојание меѓусебе и да се врши редовно дезинфицирање.

Во моментот Volkswagen нема никаква продажба надвор од Кина и бара начини да произведува во други земји, но без да има опасност за нивниот персонал. Ова го објави извршниот директор на компанијата од Волфсбург, Херберт Дис, во телевизискиот емисија.

“Нeмаме никакви приходи освен во Кина, а треба да покриваме фиксни расходи од блиску 2 милијарди евра седмично. Треба да го осмислиме производството. Во фабриките во Германија немаме дисциплина каква што има во Кина. Единствена шанса да ја надминеме кризата без загуба на работни места е ако ситуацијата биде ставена под контролата како што направија во Азија, изјави Дис.

VW има 671.000 работници и 124 фабрики во светот, од кои 72 во Европа и 28 во Германија. Автоконцернот го запре производството на Стариот континент на почетокот на овој месец поради пандемијата.

Како дел од VW Group се брендови на: Audi, Bentley, Bugatti, Lamborghini, Porsche, Seat и Skoda. Во 2019 година групацијата продаде 10,96 милиони автомобили. Во семејството на Vw се и производителот на мотоцикли Ducati и на камионите MAN и на Scania.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK