четврток, 25 јули, 2025 година

Одобрено: BMW и Daimler ќе прват заедничка фирма

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Европската комисија и официјално го одобри создавањето на заедничка фирма меѓу концерните BMW и Damler. Двете германски компании постигнаа договор уште во март и ги поднесоа сите потребни документи, но дури сега го добија потврдниот одговор.

Веќе е договорено канцеларијата на новата фирма која сè уште нема име да биде во Берлин. Во новата компанија BMW и Daimler ќе си помагаат во создавањето на интелектуални системи за градска мобилност, а учеството ќе им биде еднакво.

- Advertisement -

Единицата Mercedes-Benz Vans и компанијата BASF веќе почнаа со соработката и тоа во сферата на електричната мобилност и автономното движење. Првиот чекор е создавањето на полигон на територијата на фабриката на BASF во Лудвигсхафен, каде се тестира системот за возење при кој превозните средства се повикуваат на одредено место. Со помошта на интелектуален алгоритам патниците ја определуаат оптималната маршута на движење.

Плановите на Daimler и BMW предвидуаат адекватни решенија, а за таа цел ќе биде создадена мултифункционална платформа. Таа ќе се користи од за „кар шеринг“ (заедничко користење на автомобили во градски услови), како и за услугата едно такси за неколку клиенти. Се предвидува и создавање на технологија за нумеричко паркирање (системот ќе го пределува времето, после кое ќе се ослободи местото за паркирање во соодветниот реон) како и градење на цела мрежа на станици за полнење.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја