Франција сака субвенциите за EV да важат само за европски автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер смета дека субвенциите што земјите од Европската унија ги даваат за купување на електричен автомобил треба да важат само за автомобили кои се произведуваат на територијата на ЕУ.
Информациите за ова доаѓаат од Блумберг, кои го цитираат министерот и повикот што тој го упатува до останатите земји-членки во Европа.

„Можеби е дојдено време да се задржат бонусите за електричните возила, или за автомобилите произведени на европска територија или за возилата кои строго ги почитуваат новите еколошки стандарди. Мора да играме според истите правила ако сакаме да ги заштитиме нашите индустрии, работни места и технологија“, изјавил Ле Мер.

Со оваа изјава министерот се повикува на слична одлука што неодамна ја донесоа американските власти. Новиот закон предвидува субвенцијата од 7.500 долари целосно да се даде само доколку автомобилите и нивните критични компоненти, како што се батериите, се домашно производство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK