Верувале или не – од 158. пат положил теоретски испит за возачка

ОБЈАВЕНО НА:

Ако би требало да генерализираме тогаш Британците најтешко стигнуваат до возачка. Ова произлегува од однесувањето на еден Британец кој го положил теоретскиот дел за добивање возачка дозвола од дури 158-от пат.

Станува збор за 42 годишник кој живее во Англија, а кој за полагање на теоретскиот дел платил повеќе од 4 илјади евра. Тој за прв пат започнал да полага кога имал 34 години и по 12 години успеал да положи.

На второ место се наоѓа англичанка која положила од 117-ти пат, 48 годишна нејзина сограѓака положила од 94-ти пат.

Од друга страна, практичниот испит, 72 годишник го положил од 43-ти пат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK