Вака би можело да изгледа електричниот пикап на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Додека се чека официјална информација, интересни се сите рендери на возила за кои се очекува да пристигнат или би сакале да ги видиме. Бразилскиот дизајнер Клебер Силва на својот профил на Behance објави рендер од можниот изглед на електричниот пикап модел на Volkswagen.

Најголемиот германски производител уште пред две години најави дека до крајот на оваа деценија ќе лансира 75 електрични модели, а место меѓу нив има и за пикап моделот чија примарна целна група би биле купувачите во Северна Америка.

Досега Volkswagen не објави никакви планови за ваквиот мотел, но Силва и покрај тоа даде свое видување за дизајнот на електричниот пикап. Очекувано, овој пикап ја следи дизајнерската филозофија која е применета кај електричниот модел ID.3. Тука се и одредени детали кои потсетуваат на VW Atlas Tonak концептот прикажан на саемот за автомобили во Њујорк во 2018 година.

Дека Volkswagen планира производство на електричен пикап потврдува и изјавата на Томас Улбрих кој во август минатата година изјави дека компанијата размислува за производство на електричен пикап кој би се базирал на MEB платформата. Некои од медиумите објавија информација според која производството би почнало во 2024 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK