По премиерата на Sport изведбата на Fiat Tipo, најпопуларниот германски авто магазин, AutoBild го објави можниот изглед на Abarth верзијата од овој модел.
Иако Fiat нема потврдено дека моделот Tipo ќе добие Abarth изведба како Fiat 500 и Fiat 124, сепак рендерот прикажан од AutoBild кој предизика позитивни реакции кај фановите на Fiat можеби ќе го убеди раководството на FCA да лансира ваква изведба.
Иако се е на ниво на шпекулација, сепак оваа изведба под хаубата би имала 1.4 литарски MultiAir turbo I4 мотор со 168 КС при 5,500 вртежи и 250 Nm, идентично како и Abarth изведбата на Fiat 124 Spider. Со овој мотор максималната брзина која би можел да ја постигне изнесува 232 км/ч додека до 100 км/ч би забрзувал за нешто повеќе од 6 секунди.
Евентуална Abarth Rally изведба ќе донесе 1.8 литарски турбо бензински мотор со 296 КС на 6,500 rpm.