За време на еднодневната добротворна аукција организирана од страна на Фондацијата Елтон Џон за сида, непознат понудувач даде импресивни 725.000 фунти односно околу 820.000 евра за 570S Spider кој го донираше McLaren Automotive.
Oрганизаторите споделуваат дека целата сума од уникатното возило, кое стандардно чини 165.000 фунти е наменета за фондацијата на Елтон Џон, за да му помогне за реализирањето на целта за иднината.
570S Spider е со специјална боја Blade Silver, која е нанесена рачно. Бандажите и сопирачките се со уникатни бои на крајот, а внатрешноста е решена со Jet Black Nappa кожа. Возилото е надградено и со спортски издувен систем, како и со луксузен аудиосистем Bowers & Wilkins.
McLaren 570S Spider беше понуден од компанијата, а премиерата се одржа за време на Goodwood Festival of Speed во Велика Британија. Автомобилот е 46 килограми потежок од 570S Coupе и доаѓа со преклопен цврст покрив, кој може да биде спуштен за 15 секунди дури и при движење од 40 км/ч.
570S Spider е опремен со 3,8 литарски V twin-turbo, осумцилиндричен мотор, кој генерира моќност од 562 коњски сили и макимален вртежен момент од 600 Нм. Со негова помош, автомобилот е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 3.2 секунди, од 0 до 200 км/ч за 9.6 секунди и да развие максимална брзина од 328 км/ч.