Убави вести: Драстично намалување на цената на горивата

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска цените на горивата драстично се намалуваат, и тоа на ниво од пред војната во Украина на почетокот на годинава. Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините.

Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 79,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,056 (денари/килограм)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK