Тука е дозволено да се возат само електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Островот Вајхики во Нов Зеланд може да стане првата територија во светот каде ќе имаат право да се движат само електромобили. Информациите кои ги објавуваат медиумите од Нов Зеланд велат дека ова е план на граѓанското движење Electric Island Waiheke, кое предвидува таму да бидат дозволени да се движат само електромобилите.

Освен зачувувањето на природата во него има и сосема практичен мотив бидејќи на островот се продаваат најспаите горива на територија на Нов Зеланд и тоа е начинот оваа практика од минатото да биде заменета.

Планот за „електрифицирање“ на островот со површина од 92 квадратни километри треба да биде иполнет до 2030 година, а меѓу објектите кои треба да се реализираат се скромната патна мрежа и малите растојанија кои жителите ги изминуваат со автомобил.

Вајхики е најнаселениот и вториот по големина остров во заливот Хаураки, а при последното пребројување во 2006 година таму живееле 8000 лица. Островот е познат и по тоа што таму се прави едно најдобрите црвени вина во светот од сортата Сир. Оаа акција е дел од промените во политиката во Нов Зеланд каде електромобилите стануваат сè побрројни и сè повеќе општини заговараат максимално брза транзиција кон електромобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK