Toп-15 електрични возила со најголем домет

ОБЈАВЕНО НА:

Електрификацијата е тука, но сите производители сега се трудат да понудат возило со кое ќе можете да минете повеќе километри со едно полнење. Во ситуација кога мрежата на полначи се уште не е доволно распространета овој податок за дометот на автомобилот е навистина важен.

Ако при купување на возило досега сте прашувале колку можам да поминам со еден резервоар бензин или дизел, сега прашањето ќе биде поинакво, но сепак со иста тематика.
И, тогаш постои прашање што особено оние кои за прв пат се приближуваат до електричниот, никогаш не забораваат: „Колку километри ќе поминам со полнење на батеријата?“.

За да се осврнеме на прогресивниот развој на овој фронт, направено е рангирање на електричните автомобили со најголема автономија во однос на WLTP стандардот. Ова се 15-те модели кои гарантираат најголеми растојанија.

Но, секако табелата постојано ќе се менува зшто постојано доаѓаат модели со поголем домет, или пка едноставно се користат батерии кои подолго траат. Колку ќе се поминат со едно полнење зависи од повеќе фактори, исто како и кај моторите со вантрешно согорување: Од патот, стилот на возење….

Засега ова е листата.

01) Tesla Model S Plaid + – 840 km
02) Mercedes EQS – 770 km
03) Ford Mustang Mach-E Extended Range – 610 km
04) Tesla Model 3 Long Range – 580 km
05) Tesla Model X Long Range – 580 km
06) Volkswagen ID.3 Tour – 541 km
07) Skoda Enyaq 80 iV – 537 km
08) Volkswagen ID.4 Pro Performance – 520 km
09) Audi Q4 e-tron – 520 km
10) Kia EV6 – 510 km
11) Tesla Model Y Long Range Awd – 505 km
12) Nissan Ariya 87 kWh- 500 km
13) Hyundai Kona EV – 484 km
14) Ioniq 5 – 480 km
15) Jaguar I-Pace – 470 km

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK