„Црното“ лондонско такси стана „зелено“

ОБЈАВЕНО НА:

Лондон одамна води војна со загадувањето, и еден од главните начини е воведување на високи такси за дизелските возила и воопшто за возилата што сакаат да влезат во центарот на градот. Но, тоа е само еден чекор, а освен одлуките на градските власти сега кон подобрување на човековата околина и намалувањето на загадувањето се приклучува и такси компанијата London Taxi Company која има повеќе од 100 години традиција.

Тие од 2012 година се во сопственоста на кинеската Geely, а сега сериозно се вклучуваат во намалувањето на загадувањето, и тоа со промовирање на „зелено такси“. Прво го сменија името во London EV Company, односно LEVC. Најважната новина е што моделот TX во иднина ќе го покренува еколошки прифатлив погон – струја.

Дизелските моторои заминуваат во историјата, а со новиот погонски агрегат таксистите неделно ќе заштедуваат до 100 фунти. LEVC TX ќе има автономија од 650 км. а на струја ќе возат и до 110 км. Инаку од 1 јануари 2018 година во Лондон ќе може да се користат само еколошки такси возила со минимална електрична автономија до 50 км, и со емисија на ЦО2 од 50 г/км.
Со оваа автономија такси возилото може да го однесе патникот од Лондон до Единбург или Париз, а притоа да немора да долева гориво во резервоарот.

Компанијaта вложи околу 325 милиони фунти за правење на вакво такси возило. Автомобилот има бензински мотор, но само подобрувач на автономијата, кога работи во генераторски режим. На развојот работеле и стручњаци од Volvo.
Сменета е конструкцијата на возилото и користен е алуминиум. Најважните работи се сочувани, а додадени се само ЛЕД светла. Капацитетот е за 6 патници, а сите на располагање ќе имаат Wi-Fi, систем за полнење на мобилни и други додатоци.

Компанијата веќе ги прими и првите интернационални нарачки, и тоа за 225 возила наменети за Холандија со рок за испорака во 2018 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK