Цените на нафтата паднаa на 72 долари – за испораки во мај цената е 66,11 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Цената на суровата нафта на меѓународните пазари во понеделникот падна на 72 долари под притисок од стравувањата дека ризиците во глобалниот банкарски сектор и потенцијалниот пораст на каматните стапки во САД би можеле да предизвикаат рецесија што ќе ја намали побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во мај околу пладне беше за 87 центи пониска во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 72,10 долари. Минатиот петок ја затвори трговијата со минус од 1,73 долари.

На американскиот пазар барелот со датуми на испорака во април денеска се тргуваше за 85 центи пониско, на 65,89 долари. Минатиот петок ја затвори трговијата со минус од 1,61 долари. Денеска поактивно се тргуваше со барели за испорака во мај, чија цена се „лизна“ на 66,11 долари.

Пазарите беа потресени на крајот на минатата недела од продлабочувањето на кризата во банкарскиот сектор во САД и Швајцарија. Инвеститорите стравуваат дека кризата може да ја турне економијата во рецесија, што би значело послаба побарувачка за нафта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK