Цената на нафтата паѓа – ќе поевтинуваат ли пак горивата?

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на нафтата на меѓународните пазари во во четвртокот наутро паднаа, бидејќи натамошното зголемување на каматите на важните централни банки ќе го забави економскиот раст а што ќе ја намали побарувачката на енергенсот. Цените паднаа и поради посилниот американски долар, кој може да ја ослаби побарувачката на нафта, бидејќи ја прави поскапа за оние кои користат други валути.

Ценат на барелот на лондонскиот пазар во однос на затворањето на тргувањето во средата падна за околу 70 центи, на 82 долари. Со барелот на американскиот пазар се тргуваше по 80 центи пониска цена во однос на средата, од 76,49 долари.

Сепак тоа се цени повисоки од најниското ниво што го достигнаа неодамна цените. Намалувањето на цените на суровата нафта доведе и до намалување на малопродажните цени на горивата кои сега се и над 20 денари пониски од највиските до кои стигнаа. Можно е повторно намалување на цените на горивата за што решава РКЕ.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во средата барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во однос на претходниот трговски дена поскапел за 1,63 долари, на 79,97 долари.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK