Цел руски регион се откажа од бензин и дизел

ОБЈАВЕНО НА:

Гувернерот Валериј Лемаренко, на Сахалинската област во Далекуисточниот федерален округ на Русија објави дека во следните десет години во регионот сите возила ќе бидат преопремени за работа на гас или електрична енергија.

Во моментов на островот Сахалин се регистрирани само 85 електромобили. Станици за полнење исто така нема многу, но тоа наскоро ќе се смени. До крајот од годината во областа ќе бидат отворени 15 нови терминали за полнење.

За да ги стимулираат продажбите на еколошки возила, властите од Сахалин веќе го намалиле данокот за транспорт и тоа за 50 проценти, а во блиска иднина целосно ќе го отстранат по примерот на Москва.

Минатиот ноември градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин ги ослободи електромобилите од данок иако тоа е за период од пет години односно до 31 декември во 2024 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK