Тројца Македонци во Топ-10 на првата трка од Twingo Cup – Мартин Костовски со најбрз круг (Фото/Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Иако дебитанти и првпат возат на Хунгароринг, македонските натпреварувачи во Twingo Cup постигнаа одличен резултат со тројца возачи меѓу првите десет во конкуренција од 19 натпреварувачи. Мартин Костовски го имаше и најбрзиот круг на трката, а тој е победник во бодувањето за првенството на Македонија. Трката исто така се бодува и за FIA CEZ и на првенството на Македонија.

Во организација на Аутомотив Груп ова е втората сезона на Twingo Cup а првпат натпреварите ќе имаат и интернационален карактер. Се почна со Хунгароринг, а планирани се уште пет трки.

Се возеше девет кругови во време од 25 минути, а на трката покрај возачи од Македонија имаше и натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија. трката се бодуваше за три различни првенства, за FIA CEZ, за првенството на Македонија и за првенството на Словенија.

Мартин Костовски покрај тоа што го имаше најбрзиот круг на трката (2:29,198) го освои шестото место во генерален пласман. Во Топ-10 на трката се најдоа уште и Ангелче Стојковски и Милан Ѓорѓиевски. Тие ги освоија и првите три места во бодувањето за македонскиот шампионата на Twingo Cup.

Севкупен победник на трката е Словенецот Ник Стефаничич, пред Михајло Младеновиќ од Србија и Урбан Јеловчан од Словенија.

Twingo Cup – Хунгароринг трка 1

На трката можевме да има барем уште двајца натпреварувачи во Топ-10, но поради инцидент во кој беа вмешани нашите Слободан Трајковски и Давид Малинковски и возач од Словенија. Во таа мешаница „најдебелиот крај“ го извлече Трајковски кој има оштетување на возилото и механичарите работат на оспособување на автомобилот за втората трка.

Интернационалното искуство што го собираат македонските возачи сигурно ќе им биде од корист за следните трки што следат.
Денеска е планирано да се вози уште една трка на Хунгароринг.

Резултати од првата трка на Twingo Cup
Оваа втора сезона на Twingo Cup покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во:
Серес – Грција (Јуни),
Гробник – Хрватска (Јули),
Словакиаринг – Словачка (Август),
Red bull Ring – Австрија (Септември)
Серес – Грција (Ноември) CEZ

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK