Трите најголеми непријатели на автомобилските гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Постојат три главни непријатели на автомобилските гуми, а тоа се: физичкиот, надворешниот и човечкиот фактот, кој воедно е и најчест поради незнаење или невнимание.

Вообичаените непријатели се: притисокот на пумпање, разни предмети на патот, длабочината на гумите, временските услови, неодржувањето, неправилното оптоварување, неадаптирана брзина…

Со толку непријатели кои и се закануваат на гумата, речиси е невозможно точно да се предвиди векот на траење на гумите. Ако не се одржуваат правилно тогаш побрзо се трошат и се оштетуваат, а можеби ќе станат и небезбедни за возење.

Физички фактор

Дополнителни појаснувања не се потребни со оглед на тоа што оваа категорија се однесува на сите врсти механички оштетувања.

Надворешен фактор

-Екстремни температури

-Дожд, мраз, снег.

-Масло и маст.

Човечки фактор

-Нередовно контролирање на потрошеноста и оштетување на пневматиците.

-Неодржување на исправни вредности на притисокот во гумите.

-Премалку напумпани гуми.

-Премногу напумпани гуми.

-Повторно пумпање на гуми после возење со празни или премногу напумпана гума.

-Нередовна контрола на длабочината на шарите.

-Гумите не се заменети после достигнување на со закон пропишаната минимална длабочина на шарата.

-Користење на резервното тркало со различни димензии при брзини поголеми од 50 км/ч.

-Незабележување на промени во динамичкиот перформанс, како губење на притисок, врева или вибрации.

-Комбинирање на различни врсти на гуми.

-Гумите не ги прегледал вулканизер.

-Гумата не е веднаш прегледана после силен удар.

-Стил на возење.

-Приватни приколки и приколици.

-Користење на гуми со различни врсти и димензии.

-Гумите на приколката и приватната приколка не се напумани со повисока вредност на притисок.

-При влечење: Страничната гума на возилото кое влече не е посилно напумпана.

-При замена на гумите без внатрешна гума (tubeless) не е заменет вентилот на гумата.

-Поправките на гумите се извршуваат дома место кај вулканизер.

-Постојано сами извршувате поправки и не одите кај вулканизер.

-Привремените решенија ги сметате за трајни.

-Користење на гумите на оштетени, искривени тркала или тркала на кои се направени модификации.

-Користење на неодговарачки димензии на тркалото и гумата.

-Самите ја симнувате и(ли) поставувате гумата место тоа да го направи вулканизер.

-Гумите не се балансираат после поставување или замена.

-Поставување на гуми чија ознака за брзина и индекс на оптоврување не се најмалку еднакви или поголеми од оние гуми кои произведувачот фабрички ги поставил на возилото.

-Користење на неодобрени пломби.

-Користење на летни гуми на ладно, зимско време.

-Неправилно складирање и ротација на гумите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK