Три бесплатни совети од сервис мајстори

ОБЈАВЕНО НА:

Германската асоцијација на работниците во сервиси често нуди различни совети за возачите на моторните превозни средства. Овие препораки доаѓаат од самите мајстори во сервисите и се базираат на долгогодишното искуство. Три од овие совети се поврзани со потрошен акумулатори, зголемена потрошувачка на гориво и разработување на нов автомобил.

Ако акумулаторот во возилото „падне“ на место каде нема кој да ви помогне со давање на струја или некој да ве поттурка тогаш обидете се со следното:
* Исклучете го автомобилот, па после тоа вклучете на контакт, почекајте 2-3 секунди и притиснете ја рачката за долго светло. Фаровите држете ги вклучени 5-10 секунди и после тоа обидете се да го запалите автомобилот.Ако не успеете тогаш повторете ја операцијата. На тој начин има шанса батеријта да се „разбуди“ од реакциите меѓу електролитот и плочките.

Ако забележите дека без видлива причина потрошувачката на вашето возило се зголемува, обидете се да разберете поради што се случило тоа.
* Корегирајте го начинот на возење, проверете го притисокот во гумите, наполнете на друга бензинска станица и не заборавајте за најважното, воздушниот филтер. Ако е полн со маснотија, тогаш потрошувачката неминовно се зголемува. И други откако ќе ги извршите операциите кои се веќе споменати, а проблемот не се реши побарајте помош на сервис.

Дилерите на новите автомобили секој пат уверуваат дека новите возила не треба да се разработуваат.
* Едноставно се качуваш во него и почнуваш да возиш. Ако сакате подолг живот на вашето возило и не планирате смена после 4-5 години, тогаш бидете нежни со него при првите 1000 киломери.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK