Легендарниот шпански производител на автомобили Hispano-Suiza се враќа на автомобилската сцена и тоа на саемот во Женева.
Токму во рамките на саемот, овој производител ќе го претстави концептот Carmen со кој 50 години по банкротот повторно се враќа на автомобилската карта.
Во пресрет на премиерата, производителот со седиште во Барселона објави неколку тизер фотографии, а она што е познато е дека овој концептен автомобил ќе има шасија од јаглередони влакна, а ќе се карактеризира со луксуз, комфорт и напредна технологија.
Инаку овој производител е основан на 14 јуни 1904 година во шпанскиот град Барселона. До втората Светска војна, овој производител е најголем во Шпанија, а во меѓувреме отвора фабрика и во Аргентина. Во периодот помеѓу 1918 и 1936 година, Rolls-Royce користи бројни патенти и тогашни иновации развиени од Hispano-Suiza. Сепак поради финансиски проблеми овој производител згаснува во 1968 година.
Ова е втор обид за оживување на овој легендарен бренд откако во 2010 неуспешн дебитираше токму на овој саем.