Toyota Yaris и Aygo X – Made in Чешка

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota инвестираше повеќе од 180 милиони евра во проширувањето на фабриката во Колин, за да овозможи производство на хибридно-електрични возила на новата глобална архитектура на Тојота (TNGA), односно Б-платформата. TMMCZ ќе го произведува Yaris како и целосно новиот Aygo X.

Toyota Motor Manufacturing Czech (TMMCZ) го започна производството на Yaris – европскиот автомобил на 2021 година во својата фабрика во Колин. Заедно со фабриките на Toyota Motor Manufacturing France (TMMF), TMMCZ станува втората европска фабрика која го произведува најпродаваниот автомобил во регионот, моделот Yaris.

Воведувањето на вториот модел означува важна пресвртница за TMMCZ (поранешен TPCA), откако фабриката стана целосна сопственост на Toyota Motor Europe во јануари 2021 година. Toyota инвестираше над 180 милиони евра во реконструкција на фабриката за производство на возила од А и Б сегментот на својата TNGA B-платформа (Toyota New Global Architecture). Капацитетот на фабриката сега е проширен, а воведени се три смени за зголемување на производството на Yaris, како и поради воведувањето на новиот модел Aygo X од 2022 година.

Инвестицијата на Toyota сега овозможува и производство на хибридни електрични возила во погоните на TMMCZ, потврдувајќи го успехот на Yaris Hybrid, кој сочинува 80% од продажната комбинација на Yaris во Европа. Хибридно-електричните погонски единици за TMMCZ и TMMF се произведуваат во Toyota Motor Manufacturing Poland.

„Продажната цел на Toyota во Европа е 1,5 милиони продадени возила до 2025 година, а Yaris ќе игра клучна улога во постигнувањето на таа цел. Истовременото воведување на платформата TNGA и хибридните погонски единици на линиите во TMMCZ е во согласност со нашата стратегија низ целиот регион“, рече Марвин Кук, извршен потпретседател на Toyota Motor Europe.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK