Toyota стопира се во Европа!

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот прозиводител Toyota објави дека целосно запира со своите активности во Европа. Станува збор за одлука која на сила ќе биде до 20 април со можност за продолжување на истата во зависност од тоа како ќе се развива состојбата со коронавирусот.

Во соопштението објавено од страна на европската дивизија на Toyota се наведува дека со работа целосно запираат фабриките во Франција, Велика Британија, Чешка, Полска, Турција и Португалија. При тоа нема да работат и европските центри за истражување и развој.

Од друга страна, фабриките на Toyota лоцирани во Кина повторно започнаа со производство со што се прекина паузата која траеше нешто повеќе од еден месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK