Toyota со рекорден профит!

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota оствари рекорден профит во првиот квартал годинава. Како што пренесува Associated Press профитот во првиот квартал забележа пораст од неверојатни 21%. Така профитот во периодот јануари-март достигна 4.4 милијарди долари што претставува зголемување за 21% во однос на истиот период минатата година.

Најголема заслуга за зголемување на профитот има зголемената продажба која достигна неверојатни 69 милијарди долари проследена со намалувањето на маргиналните трошоци како и трошоците поврзани со отповикувањето на автомобили, ставка која минатите години беше присутна во билансот на успех на јапонскиот производител.

“Отсуството на трошови поврзани со масовните повлекувања на автомобили поради проблеми со воздушните перничиња исто така помогна во создавањето на овие деловни перформанси” изјави потпретседателот на Toyota Коџи Којабаши. Од јапонскиот производител се надеваат дека до крајот на годината ќе успеат да го одржат трендот на пораст на приходите и намалувањето на трошоците, а со самото тоа и зголемувањето на профитот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK