Јапонските производители Toyota и Suzuki Motor Corporation постигнаа договор за продлабочување на соработката така што двете компании ќе купат акции една во друга, пренесува Business Today.
Според договорот, Toyota ќе купи 4,94% од акциите на Suzuki за износ околу 907 милиони американски долари, додека Suzuki ќе купи само 0,21% од акциите.
Двете компании уште од 2017 година, со потпишување на меморандумот за разбирање започнаа да воспоставуваат взаемна соработка на повеќе полиња. Така Suzuki веќе користи технологија од Toyota како и платформи, а Toyota пак во Индија го продава моделот Yaris кој всушнсот е Suzuki Baleno, но со знак на Toyota.
Засега нема информација дали можеби Toyota и Suzuki имаат амбиции да се спојат.