Toyota оди чекор напред во Македонија – 10 годишна гаранција

ОБЈАВЕНО НА:

Колку подолготрајна временска гаранција – толку поквалитетно возило. Така некако би се објаснило наједноставно што значи гаранцијата на возилата изразена во години. На македонскиот пазар Toyota уште меѓу првите понуди највисока гаранција од пет години, а потоа и од шест години. Сега истата се зголемува на десет години. Со тоа јапонскиот производител ќе биде единствен импортер на возила што ќе понуди толку голема гаранција.

Новата десетгодишна гаранција ќе важи за сите испорачани возила од 1 јуни 2021 година. Досегашната гаранција на Toyota беше 6 години или 200.000 километри (што прво ќе се исполни). Сега таа се зголемува на 10 години или 200.000 километри.
Тоа особено многу ќе им значи на оние што не возат многу годишно, а сепак ќе имаа фабричка гаранција.

За новите возила од 1 јуни автоматски ќе важи гаранцијата од 10 години, а постарите возила, но не постари од 9 години или 185.000 километри исто така ќе може да ја користат со одредена доплата. Се разбира откако прво истото возило ќе мине сервисен преглед.

Гаранцијата ќе важи и за новите возила купени во странство, па и половните од брендот на Toyota, но со одредена доплата и само з аоние со европска спецификација.

Причина плус да проверите зошто секоја година се зголемува бројот на продадени возила на Toyota во Македонија и зошто јапонскиот бредн е лидер во делот на хибридни возила.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK