Тоyota најави: Ќе правиме возила на бензин се додека не забранат

ОБЈАВЕНО НА:

Тоyota е брендот кој моментално најмалку верува во електрификација. Засега имаат само еден електричен модел во Европа, а пораките од компанијата често укажуваат дека „не им се допаѓа“ идејата за целосна транзиција на електрична енергија.

Сега Gazoo Racing (GR), гранката на компанијата за моторспорт и друмски спортски автомобили, излезе со многу слична порака. Тие веруваат дека моторите со внатрешно согорување се уште имаат светла иднина и наведуваат дека се уште инвестираат во технологија за внатрешно согорување за нивните идни модели.

Во разговор за австралиското списание Car Expert, претседателот на Toyota Gazoo Racing, Томоја Такахаши, рече дека нема планови за нивен електричен спортски автомобил. Тој исто така додаде дека GR има намера „да користи мотори со внатрешно согорување колку што е можно повеќе“.
„Можеби ќе дојде време во иднина кога овие мотори ќе бидат забранети, но моторите со внатрешно согорување не се лоши, непријателот е јаглеродот“, рече Такахаши.

Од сето ова може да се заклучи дека судбината на моделот FT-Se е веќе запечатена. Концептниот електричен автомобил беше претставен за прв пат во октомври 2023 година на саемот за мобилност во Јапонија во Токио. Спортскиот двосед со ознака GR, два мотори и погон на сите тркала забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од три секунди и достигнува максимална брзина од 250 km/h. Но, сето тоа очигледно не ги воодушеви љубителите на спортските возила на Toyota.

Сепак, Такахаши не ја отфрла целосно електрификацијата и во разговорот нагласи дека „со користење на хибридна технологија можеме да ја намалиме емисијата на јаглерод“. Тој, исто така, не ја отфрли можноста за синтетички горива, а Toyota исто така работи на развој на мотори со внатрешно согорување кои работат на водород.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK