Toyota ќе понуди рачен менувач на електричните модели – кои не прави апсолутно ништо (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Идните електрични возила на Toyota ќе имаат симулатор за рачен менувач, но и се што го прави возењето автомобил со рачен менувач толку посебно.

Минатата година Toyota покажа симулатор за рачен менувач на прототип на Lexus, а тогаш беше кажано дека може да се комерцијализира на некои идни модели на јапонскиот гигант. Сега е познато дека Toyota навистина ќе го направи тоа и ќе го зачини системот со симулиран звук на моторот, како и со реалните менувања на брзините.

Таков електричен автомобил има педала за спојката и рачка на менувачот, а системот оди дотаму што го нуди истото искуство на возење автомобил со рачен менувач, вклучувајќи симулирани ефекти ако спојката не се притисне на време или „погрешно“ се става во брзина. Во пракса, овој менувач нема да направи апсолутно ништо, само ќе симулира возење автомобил со рачен менувач.

Сето ова треба да обезбеди посебно чувство на возење, а со тоа и компаративни предности на Toyota во однос на конкуренцијата. Текеро Јато, претседател на одделот за производство на возила BEV, на неодамнешната презентација откри кога тоа ќе се случи. Ваквите мануелните менувачи за, како што велат во Toyota на пазарот ќе пристигнат во 2026 година.

До сега некои производители како Dodge и Abarth експериментираа со лажен звук на моторот на електрични модели, но Toyota ја подигна приказната на ново ниво. Крајниот резултат треба да биде возачко искуство многу слично на автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Toyota се надева дека ќе може д апродаде 3,5 милиони електрични модели, а 1,7 милиони од нив ќе бидат целосно електрични.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK