На почетокот на месецов хрватскиот Rimac и официјално го претстави долгонајавуваниот сериски модел именуван како Nevera. Но не требаше многу време за да се случи првиот скандал поврзан со овој модел. На интернет платформата Reddit се појави видео снимка на која се гледа како неименуван возач на овој автомобил вози 230 км/ч на локален пат додека истовремено од спротивна насока поминуваат бројни возила.
Настанот се случил близу Дубровник, каде брзината била ограничена 90 км/ч. “Отпочната е постапката за туврдување на прекршочна одговорност и утврдено е дека се работи за сообраќајница која е дел од државниот пат D-8 во близина на Ратац крај Дубровник и дека возачот грубо ја пречекори дозволената брзина односно дека возел со брзина од 232 км/ч на место каде ограничувањето изнесува 90км/ч” соопштија од Дубровничката полиција.
Возилото е изложено пред хотелот Вртови Сунца во Орашец каде секојдневно се презентира на потенцијалните купувачи. Хрватските медиуми побараа одговор од Rimac од каде за медиумите во оваа земја изјавија дека на сите им било објаснето дека движењето треба да биде согласно утврдените правила на патиштата.