„Тотален хаос“ во Гигафабриката на Tesla во Берлин – никој не сака таму да работи

ОБЈАВЕНО НА:

Вработен во берлинската фабрика на Tesla кој побарал анонимност поради стравувањата дека ќе ја загуби работата, ја опиша ситуацијата во европската гигафабрика за Wired како „тотален хаос“ и тврди дека некои членови на персоналот биле болни подолго отколку што работеле и присутни на работа само по неколку недели во последните шест месеци.

Во извештајот се тврди дека слободните работни места во Tesla се удвоиле од јуни на глобално ниво и дека фирмата успеала да регрутира само 7.000 од планираните 12.000 вработени на локацијата во Берлин, што ги попречува целите за продуктивност.
Tesla се надеваше дека ќе направи 5.000 Model Y неделно до крајот на 2022 година, но од октомври, произведуваше помалку од половина од тој број, само 2.000 единици, со што германската фабрика изгледаше неконкурентна покрај другите фабрики на компанијата.

Според податоците на Troy Teslike, фабнриката Giga Shanghai достигнал производствена пресвртница од 20.000 единици за само 100 дена, додека на Giga Texas им требале 151 ден, а на Giga Berlin им требале 187 дена.

Моделот Y е единственото возило на Tesla кое моментално се произведува во Германија. Една од главните пречки на Tesla за привлекување таленти е тоа што се смета за помалку посакувана од другите производители на автомобили.

Германскиот синдикат на металопреработувачи ИГ Метал тврди дека Tesla плаќа 20 отсто помалку од слични бизниси, а тоа е голем проблем кога на регионот не му недостасуваат можности за вработување. „Има недостиг од квалификувани работници насекаде“, изјави Холгер Бонин, истражувачки директор на Институтот за економија на трудот во Бон, за Wired. „Сите што би можеле да се вработат веќе се вработени. Тоа го отежнува пополнувањето на работните места“.

Па дури и вработените кои Tesla успеа да ги регрутира не остануваат долго. Поранешните вработени кои се одлучиле да заминат го наведуваат недостатокот на искуство на менаџерскиот тим и ненадејните промени во работните шеми што вработените кои имаат деца се борат да ги приспособат. Тоа е нивната одлука да бараат работа на друго место.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK