Corporal (CPL) Gale Knight, a police officer with the Naval Amphibious Base Little Creek (NABLC) Police Department, writes a ticket to a driver for not wearing a seat belt during the base-wide "Click It or Ticket Campaign". The campaign is a nationwide effort to enforce seat belt laws and ensure drivers are implementing safety on the road.

Топ-5 земји со најглупави сообраќајни закони!

ОБЈАВЕНО НА:

Законите за сообраќајот во земјите од Балканот имаат голем број на недостатоци. Сепак, кога ќе се разгледаат подобро станува јасно дека заедничката точка речиси без исклучок е удирање по џебовите на возачите.

Никаде во законите нема точка за едуцирање на возачите бидејќи очигледно истата не е во ничиј интерес туку е поедноставно да се запре некој, па да се пронајде некоја основа за пишување на казна и потоа со попуст на лице место (што исто така е смешно) таа казна и да се наплати. Со ова државната сметка е нешто побогата, а шефот на смена може мирно да пие бидејќи исто како и полицаецот на терен ја исполнува својата квота.

Често се слуша за тоа дека надвор е подобро. Дека во Германија насекаде цветаат рози, дека во Ирска законите се почитуваат, додека Америка за многумина и понатаму претставува рај на земјата.

Сепак, ќе видите неколку примери, како законодавството се практикува далеку надвор од границите на нашата земја.

5.Кипар

Секој од возачите на Кипар е обврзан да ги држи рацете на воланот во позиција „10-2“ односно да го држи цврсто, па така и автомобилот под контрола во текот на секој поминат метар.

Сепак, не е во целост бидејќи законот во Кипар не дозволува движење на раката од веќе наведената позиција во кој било момент. На пример ако морате да кивнете тоа ќе мора да го направите без да го покриете носот. Истото важи и за јадење во текот на возењето бидејќи ако возачот јаде некаков сендвич ќе мора истиот да биде држен од страна на совозачот. Пиење на што било за време на возењето исто така е подложно на казна, а за пушење или зборување на телефон без „hands-free“ уред нема потреба и да не се зборува.

Накратко. Ако се најдете на Кипар и седнете зад воланот, тогаш фатете се за него како пијан за стап бидејќи во спротивно одморот ќе ви стане многу поскап.

4.Германија

Возењето по германските автопатишта има и неколку потенцијално скапи сегменти. Камерите се поставени насекаде, преку стриктни ограничувања на брзината поствени практично при секое излегување од автопат, па сè до патролните возила Porsche кои се во состојба од неколку километри да утврдат дали некој автомобил е премногу низок или на себе има пошироки гуми од пропишаното. Потоа полицаецот излегува од Porsche наоружан со воспитна мерка и во случај на прекршок следува вонреден технички преглед на возилото и тешка казна.

Сето тоа е супер во споредба со една апсолутистички-ориентирана регулатива. А таа вели дека „Autobahn“ претставува пат на кој какво било застанување е забрането. Дури и ако поради некој глупав сплет на околности се остане без гориво. Еден исклучок на таа забрана се сведува на она „во краен случај на нужда“, но тоа не подразбира ни мала ни голема нужда  туку евентуално пораѓање на задно седиште или нешто во тој стил. За другите форми на запирање на германските автопатишта нема оправдувања со кои може да се избегне голема казна.

3.Шпанија

Постојат обврски кои кратковидите и далекувидите возачи мораат да ги исполнуваат. Според законот на територија на Шпанија, возачите со диоптрија секогаш кога се зад воланот мораат да имаат очила или контактни леќи, додека во некоја од преградите мораат да имаат резервни од едното или другото оптичко помагало. Тоа во правило и не е така лоша регулатива бидејќи луѓето во стварност губат очила и леќи, но тешко е да ги казнуваат поради тоа.

2.Канада

Денталната хигиена не е пропишана со закон и на тамошните законодавци им е апсолутно сеедно колкупати на ден ги миете забите. Сепак, од друга страна истите тие законодавци предвидуваат казна доколку некој со лош здив влезе во Такси.

Таксито во Канада е поле на нулта толеранција за лук, кромид, алкохол и сите други производи и супстанции од кои просечниот човек има лош здив. Значи заборавете на претерување со алкохол во некој ноќен клуб или, пак, со прејадување со некоја храна во склоп на која лукот е доминантен зачин бидејќи ако таксистот почувствува што сте јаделе или пиеле тој ден смее да ве исфрли од таксито и да ве пријави кај екипата во сино. Потоа следува финансиска казна. Ако по некој случај се најдете во Канада и сакате да се возите со такси тогаш памет во глава и мастики во вашиот џеб.

1.САД

Сообраќајните закони во САД имаат свои небулози и тие се различни од држава до држава. Во некои од сојузните држави е забрането да се вози додека во автомобилот се наоѓа некакво отворено шише со алкохол. Во други, пак, со закон е пропишано возење со превез преку очите, додека од друга страна исто така со закон е дозволено да се вози во спротивен правец ако на предниот дел од автомобилот и на видливо место стои светилна односно фенер. Тоа е само капка во морето на неколку примери на идиотски правила кои важат и денес во некои држави во САД.

Во овој момент најглупавите законски регулативи стојат во склоп на сообраќајниот закон на сојузната држаа Калифорнија. Дотичната држава изрично и стриктно забранува скокање од автомобил при пголема брзина од нешто помалку од 105 километри на час. Од друга страна не е наведено дали се казнваат скокања од автомобил при брзина помала од 100 километри на час.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK