Топ-5 најпопуларни цртани со автомобилска тематика (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во светот на филмската индустрија постојат голем број на филмови за автомобили кои се со голема популарност. Сепак, има голем број и на цртани филмови кои исто така добиваат на цена и кои се популарни речиси еднакво и кај децата и кај ворасните.

Во продолжение ќе можете да погледнете Топ-5 на такви цртани филмови кои се со автомобилска тематика.

5.NASCAR Racers (1999-2001 година)
Доколку помисливте дека се работи за неколку анимирани ликови кои од епизода во епизода се возат по овалните патеки, тогаш грешите. Во овој цртан филм нема лимитирање и покрај тоа што има ограничувања од здружението NASCAR. Тука владеат его-патувањата на возачите, газдите на тимовите и нивните правила, а сè заедно заокружува еден куп технологија (во тоа време) на највисокото можно ниво кое може да се замисли.

Целата приказна ги следи двата главни тима: Team Fastex i Team Rexcor.

Тимовите се полни со возачи и други придружни ликови на патеката кои помагаат на патот до победа и доминација. Што се однесува до самите трки, тие се главно одработени во 3D-технологија, додека ликовите се нацртани во 2D техника.

4.Fast & Furious: Spy Racers (2019-2020 година)

За разлика од филмските продолженија на сагата за крадците на автомобили, овде Вин Физел не ги предводи цртаните ликови во нивните авантури, но тој е потпишан меѓу луѓето кои го водат овој проект и е потпишан како продуцент.

Досега постојат три сезони од оваа цртана серија и секоја првенство се разликува според локацијата каде што се одвиваат настаните. Четвртата е веќе во план, а има најави дека серијалот ќе продолжи до десет сезони.

3.Cars

Кон крајот на 1995 година во кино салите се појави цртан под име „Toy Story“, а беше со мала резолуција. Студиот Pixar со овој цртан не создаде само нешто во кое децата уживаат туку ги навлече посвозрасните на преубави 3D анимации и ликови зад кои гласовите стоеја многу од омилените актери.

Главно од таа 1995 година до денес од ова студио (но и многу други) изглегоа голем број на „цртани за сите генерации“. Меѓу авто-ентузијастите посебно се истакна оној под името „Cars“, кој својата премиера ја имаше кон средината на 2006 година.

2.Wangan Midnight

Ова не е сам цртан туку целата приказна тргна од стрип. Стрипот таму некаде во 1990 година трка како потпис на едно време и една исто толку вистинита колку и нелегална идеја под називот „Midnight Club“.

Накратко станува збор за екипа која јавните патишта односно оној под името „Tokyo Shuto Expressway“, ги земаше за себе во текот на ноќта и безмилосно буквално „леташе“ со своите автомобили.

Легендата вели дека член на „Midnight Club“ екипата не можел да стане никој кој немал автомобил кој може да повлече минимално 300 км/ч. Тоа со тек на времето прерасна во едно од правилата под кои јапонските улични тркачи се наоѓаа на овој славен автопат.

1.Initial D

Во 1995 година Шиучи Шигено ја почна својата цртана приказна за Дрифт во магазинот „Weekly Young Magazine“ и тогаш веројатно не мислеше дека неговата приказна ќе доживее 48 продолженија. Исто така Шигено најверојатно немаше во план Initial D од Јапонија да ги помине сите континенти, да зарази милиони обожавтели, а покрај анимираната серија, продуцираше и неколку игри и филмови.

Цртаниот серијал „Initial D“ постои од 1998 година и со својата појава на сцената на некој начин обезбеди вечност. Од една страна целата приказна има исклучително многу елементи поради кои вреди да се следи што се случува додека од онаа другата се потпира на младите денови на јапонската возачка легенда, човекот под прекар „Дори-Дори“ оносно вечно симпатичниот Кеичи Цучије.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK