ТОП 15: Најстилски двобојни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Двобојните или уште како што се нарекуваат двотонските автомобили се голем тренд. Корените на нивната популарност се во почетокот на овој милениум, но последните неколку години тие се навистина многу популарни. Иако најголем дел од нив првично беа дел од сегментот на мали автомобили, сепак денес и големите SUV возила се нудат во двобојни изведби.

Во продолжение ви ги претставуваме 15те најстилски двобојни автомобили.

Mini

Related image
Веќе долги години Mini на пазарот пласира двобојни автомобили. Може да се каже дека всушност овој производител е пионир кога е во прашање двобојната каросерија. Црвено-црната и црно-сивата комбинација изгледа навистина привлечно и тренди.

Ford Flex

Image result for Ford Flex
За американскиот пазар Ford го лансираше Flex со комбинација на црно-црвена и сиво-бела варијанта. Со оглед на тоа што ова е нов модел на пазарот останува да се види како купувачите ќе го прифатат.

Nissan Kicks

Image result for TWO-TONE cars
Nissan Kicks или во Европа попознат како Juke, веќе долги години е еден од најпродаваните автомобили на јапонскиот производител. Во последните неколку години Nissan го нуди овој автомобил со можност за комбинирање на бојата на покривот и останатата каросерија.

Toyota Camry

Related image
Toyota и нема некоја традиција кога е во прашање двотонската боја на каросеријата. На американскиот пазар за прв пат оваа условно кажано опција ја воведе оваа година на редизајнот на Camry.

Toyota C-HR

Image result for Toyota C-HR
Уште еден модел на Toyota, C-HR изгледа навистина тренди со двотонска боја, Бело-сината и црно-сивата комбинација изгледа неверојатно.

Kia Soul

Image result for Kia Soul

Kia кога се во прашање двобојните автомобили своето деби го имаше со Kia Soul. Денес покрај овој модел, Kia во двотонска изведба го нуди и Stonic.

 

Volvo XC40

Image result for Volvo XC40
Најмалиот SUV на Volvo, XC40 е единствениот во понудата на шведскиот производител кој доаѓа со две бои. Тренди контрасот во боите го прави овој автомобил уште попривлечен покрај надворешните екстериерни елементи.

BMW i3s

Image result for BMW i3s
И BMW нема многу историја кога се во прашање дветонската боја. Првиот таков автомобил кој воедно се најде на оваа листа е електричниот BMW i3s.

Jaguar E-Pace

Image result for Jaguar E-Pace
Нема што, навистина изгледа многу стилски. Ваков Jaguar E-Pace може да добиете со доплата од околу 400 евра на основниот модел.

Fiat 500L

Image result for Fiat 500L
Во најстилските 15 двобојни автомобили со право се вбројува Fiat 500L. Како и на останатите свои модели, така и на овој, дизајнерите на Fiat посветија големо внимание, па оттука и внимателно изработените детаљи кој на овој автомобил му даваат одличен изглед.

Jeep Renegade

Image result for Jeep Renegade
Уште еден автомобил на FCA се најде на оваа листа. Jeep во Renegade гледа како на мал, градски SUV со карактеристики на голем теренец. Сето тоа е овозможено со невообичаените комбинации на боја и одличната архитектура на самиот автомобил.

Fiat 500 Abarth

Image result for Fiat 500 Abarth
Не само тренди, туку и моќен, оваа Abarth изведба на Fiat 500 се наоѓа на врвот на оваа листа. Црвено-црната комбинација со црните алуминумски фелни го прават овој автомобил стилски и моќен.

Jeep Compass

Related image
Последната енерација на Jeep Compass исто така доаѓа со можност за комбинација на две бои. Црно-белата, Црно-сивата и црно-црвената комбинација одлично прилегаат на овој модел на Jeep.

Hyundai Kona

Image result for Hyundai Kona
Hyundai Kona минатата година се појави како вистинско освежување на пазарот. Одличниот дизајн и двобојната каросерија која ја добивата за доплата од 150 до 500 евра го прави овој автомобил вистински спортски заводник.

Land Rover

Related image
На врвот на листата место има за секој Land Rover. Во не толкава комбинација на констрасни нежни бои, моделите на британскиот производител се нудат во комбинација на потемни бои.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK