За прв пат по подолго време во Европа се одржува голем саем за автомобили во Минхен. Првите два дена, како и на секој поголем саем се наменети за новинарите, а тоа време се користи за првично и поподробно запознавање со ситеновитети. И секако веднаш може да се направи листа на автомобили што најмногу ви оставиле впечаток.
За разлика од други саеми сега во Минхен нема доста производители поради одлуката да не се трошат пари на саеми, па затоа ги нема возилата од Stellantis (PSA, OPEL…Fiat…), Toyota..
BMW i Vision Circular Concept е првиот автомобил кој се наоѓа на листата, а за кого се вели дека претставува пример за тоа како ќе изгледаат автомобилите во 2040 година. Тука е и електричниот кросовер Mercedes EQB кој би требало во продукција да се појави уште оваа година. Место на листата има и за електричниот Volkswagen ID Life кој располага со електричен мотор од 231 КС.
„Приватен автомобил на улиците“ – ова е описот кој Forbes го даде за големата лимузија Audi Grandsphere. Овој концептен автомобил не е потврдено кога ќе се појави во производство, а според одредени шпекулации тоа би можело да се случи во 2025 или 2026.
Спортскиот Porsche Mission R со електричен погон се најде исто така на оваа листа, а за него е потенцирано дека за само 15 минути се полни батеријата до 80% од капацитетот.
Smart станува поголем и тоа благодарение на концептот Concept #1 кој со електричен погон би се појавил во текот на наредните години. Помалиот City Transformer се најде на оваа листата. Овој автомобил е изработен од истоимената старт-ап компанија.
Изненадувачи, но на оваа листа се најде новиот Dacia Jogger за кој сите велат дека ги надминува границите на Dacia.
На листата се најдоа и Mercedes-Benz EQG како и Mini Vision Urbanaut. Во продолжение се фотографии од сите овие 10 автомобили.
BMW i Vision Circular Concept
Mercedes EQB Electric SUV
Volkswagen ID.Life Crossover
Audi Grandsphere Concept
Porsche Mission R
Smart Concept #1
City Transformer
Mercedes-Benz EQG
Mini Vision Urbanaut
Dacia Jogger