Во пресрет на светската премиера закажана за саемот во Женева во март годинава, Opel објави прва тизер фотографија од новата, шестата генерација на моделот Corsa.
Новата Corsa се базира на т.н. CMP (Common Modular Platform) платформа која е развиена од страна на PSA групацијата и се користи кај Peugeot 208. Се очекува овој модел да биде со радикални измени пред се поради фактот што овој автомобил ќе биде првиот на германскиот прозиводител во целост развиен од страна на инжинерите на PSA Групацијата.
Од тизер фотографијата не може да се утврди многу за екстериерот, но убаво се гледаат предните светла кои многу наликуваат на оние кај Opel Crossland. Токму за очекување е и маската на ладилникот да е слична како и кај овој мал SUV.
Цената и основните технички карактеристики не се обелодените, а се очекува во нареднито период Opel да објави дополнителни тизери со официјални технички спецификации.